Инциденти во соблекувалната на Атлетико по елиминацијата од ЛШ

По елиминацијата од Лигата на Шампионите проблемите во Атлетико Мадрид се зголемиле.
 
Весникот „АС" пишува дека во клубот имало сериозен скандал помеѓу член на тренерскиот штаб и еден од играчите. Како што е познато, Атлетико беше елиминиран од италијански Јувентус по победата во првиот натпревар со 2:0 и поразот со 0:3 во реваншот.

 

Изданието пишува дека по поразот во Торино, кондициониот тренер на „јорганџиите", Оскар Ортега го критикувал дефанзивецот Стефан Савиќ. Тој истакнал дека Црногорецот се движел премалку за време на натпреварот. Савиќ реагирал бурно на критиката: „Што рече за мене? Кажи ми го тоа во лице, глушец еден!", му рекол тој.

 

Конфликтот ќе прераснел во нешто посериозно, но потоа другите играчи интервенирале во соблекувалната и ги разделиле играчот и асистентот на Диего Симеоне. Но, Савиќ не се смирил и фрли копачка кон Ортега, која удрила еден од екраните во соблекувалната и го скршила.

 

Според „АС", Симеоне не презел никакви мерки во врска со неговиот помошник и не го натерал да се извини за зборовите што довеле до конфликт. А токму тоа биле барањата на тимот.

 

Ова не е единствениот скандал во клубот што се појави по слабиот натпревар во Торино и Лигата на шампионите. Се претпоставува дека играчите се жалеле на исцрпувачкиот тренинг,кои што го одржале, пред натпреварот во Торино.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.