Мбапе не отфрли можност за трансфер во Реал

Младата ѕвезда на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе ја коментираше можноста да премине во Реал Мадрид во иднина.

Како што е познато, напаѓачот беше поврзуван за трансфер во „кралскиот" клуб летото 2017 година, но на крајот тој го избра „Парк де Пренс". Мбапе рече дека е смирен во моментот, но во иднина не знае што ќе се случува со неговата кариера.

– Се чувствувам многу добро тука (ПСЖ), но во фудбалот никогаш не се знае. Имам договор до 2021 година, а сега не е време да се размислува за други тимови, вели Мбапе.

Запрашан дали на тимот му треба засилување во зима, францускиот репрезентативец објасни: „Потребно е засилување, има луѓе кои работат за тоа"





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.