Мурињо одбил три понуди

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, е на присилен одмор по предвремениот прекин на договорот со „црвените ѓаволи" во средината на декември.

 

Неговото име беше поврзувано како нов тренер во неколку европски гиганти, но Португалецот останува надвор од фудбалот.

 

– Среќен сум од овие три недели и искуството што го добив. Сега правам работи, за кои генерално немам време. Но колку што знам, до крајот на март ќе бидам уморен од оваа среќа. Веќе одбив три предлози, бидејќи чувствував дека не е тоа што го барам. Останувам мирен. Колку повеќе време поминува, толку подобро ќе се подготвам. Сакам да чувствувам предизвик на мојата следна работа, вели Мурињо за „БеинСпортс".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.