Кедира може да го напушти Јувентус на крајот од сезоната

Оваа сезона може да биде последна во Јувентус за играчот од средниот ред Сами Кедира, објави „Калчомеркато".

Ова се должи на доаѓањето во италијанскиот шампион на играчот од средниот ред на Арсенал Арон Ремзи.

Покрај тоа, Јувентус може да го ангажира и играчот од средниот ред на Лион, Танги Ндомбеле.

Триесет и едногодишниот Кедира во последно време не ја добива посакуваната минутажа за игра и тоа е исто така една од причините за неговото можно заминуање.

Оваа сезона, Германецот одигра 11 натпревари. Неговиот договор истекува летото 2021 година.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.