Македонија го одржа утринскиот тренинг

Македонската ракометна репрезентација утрово го одржа својот тренинг во „Олимпик хале" во Минхен, пред утрешниот натпревар со Бахреин.

„Жолто-црвените" вчера остварија убедлива победа од 38-29 против тимот на Јапонија, но сепак остана впечатокот на стручната јавност дека треба да се поработи на одбраната.

Бахреин е аутсајдер во групата и се очекува втора победа на нашиот тим. Азискиот тим вчера беше убедливо поразен од фаворитот за првото место во групата – Шпанија (33-23).

Натпреварот помеѓу Македонија и Бахрен се игра утре (недела) со почеток од 14:00 часот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.