Буфон сака да игра уште една година во ПСЖ

Голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Буфон, изјави дека се надева дека ќе игра уште една година за францускиот шампион.

 

40-годишниот Италијанец премина во клубот на 6 јули 2018 година, кога потпиша договор за една година со опција за продолжување за уште 12 месеци.

 

– Ако ПСЖ се согласи, ќе играм за тимот за уште една година. Можеби е чудно, но на 40 години имам поголема желба и амбиции да играм отколку кога бев на 20, рече Буфон пред „Фудбал Италија".

 

Оваа сезона тој одигра 13 натпревари за тимот во сите натпреварувања и прими осум гола.

 

Пари Сен Жермен е лидер на табелата во француското првенство со 47 поени по 17 круга.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.