Зверев се повреди, може да го пропушти Австралија Опен

Светскиот рекет број 4, Александар Зверев може да го пропушти гренслемот Австралија Опен.

 

Германецот се повлече од егзибицискиот турнир „Вортлд Тенис Челинџ" во Аделаида поради повреда во феморалната тетива зад коленото.

 

Зверев изјави дека се повредил за време на тренинг-сесија. 21-годишниот тенисер не сподели детали колку сериозна е повредата, но истакна дека ќе се обиде да се опорави за првиот Гренд-слем турнир за годината.

 

– Ни беше соопштено дека Александар Зверев ќе го пропушти настанот. Знаеме дека тој многу сакаше да учествува, но му најдовме заменик во лицето на Фернандо Вердаско, изјави генералниот менаџер на дводневниот турнир, Дејвид Херн.

 

Зверев моментално е четврти меѓу фаворитите на обложувалниците за освојување на трофејот во Мелбурн. Тој ја заврши силно минатата сезона, освојувајќи го финалниот АТП турнир во Лондон, запишувајќи победи над Роџер Федерер и Новак Џоковиќ.

 

Во текот на викендот тој играше во финалето на „Хопман купот" во Перт, но заедно со Анжелик Кербер беа поразени од Швајцарија во дуелот за трофејот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.