Спалети пред ПСВ: Најважниот натпревар од кога сум во Интер

Тренерот на Интер, Лучано Спалети го посочи дуелот со ПСВ од групите во ЛШ како „најважен во неговата кариера" откако е во Милано. Интер треба да го победи ПСВ, додека Тотенхем не треба да победи како гостин Барселона, за да може „нероазурите" да си обезбедат место во осминафиналето на Лигата на Шампионите.
 
 
Италијанскиот стратег исто така наведе дека неговите играчи целосно се фокусираат на нивните перформанси и го игнорираат другиот натпревар.
 
– Мораме да бидеме екстремно концентрирани цело време, па ние не мислиме за друг тим, освен за себе. На самиот почеток реков дека оваа група била убиствена. Минуваме низ тешка недела, но сакаме да излеземе од неа. Ова е најважниот натпревар за мене од кога сум во Интер. Тој е уште поважен од оној со Лацио, кој не рангираше во Лигата на шампионите оваа година, изјави Спалети пред утрешниот натпревар во Милано.
 
Италијанецот даде и информации за отсутните од дуелот против англискиот тим.
 
– Имаме проблеми со Матијас Весино, кој ќе го помине фитнес-тест, но веројатно нема да игра. Раџа Наинголан исто така е аут, бидејќи има потреба од уште неколку дена за лекување, заклучи менторот на Интер.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.