Мбапе: Сумите во фудбалот изгледаат непристојно

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе смета дека не е во ред да се даваат толкави суми на пари за фудбалерите.

 

Тој вели дека во модерниот фудбал се достигнуваат цифри кои не се реални.

 

Мбапе се срами од парите што се појавуваат во модерниот фудбал, но во исто време истакнува дека овие услови се диктирани од самиот пазар, а не од играчите.

 

- Доаѓам од скромно семејство, и ми се чини дека ова е непристојно. Тоа е непристојно, но ова е начинот на работа на пазарот. Така функционира светот на фудбалот. ,

 

- Нема да направам револуција во фудбалот. Впрочем, јас сум дел од системот и мора да го почитувам овој систем, останувајќи на своето место, вели Мбапе.

 

За неговиот трансфер од Монако, ПСЖ плати 180 милиони евра. рекордот го држи Нејмар кој од Барселона во ПСЖ премина за 222 милиони евра.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.