Гедбан ја има најдобрата одбрана на колото во ЛШ (видео)

Македонскиот ракометен првак Вардар го загуби дуелот со Барселона во ЛШ.

 

Но и покрај поразот, „црвено-црните" не се без свој претставник во некој од изборите на најдобри што ги прави ЕХФ за секоја рунда.

 

Овој пат во Топ-5 изборот за најдобра одбрана се најде голманот Калифа Гедбан. Тој имаше две интервенции за неколкуте минути кои ги мина на теренот во второто полувреме, а една од нив го одбележа колото.

 

Гедбан го одбрани ударот од контра на Португалецот во Барселона, Жилберто Брито Дуарте и тоа беше за во Топ-5 одбраните на колото во ЛШ.

 

Одбраната на Гедбан, како и сите пет што во ова коло беа избрани, можете да ги видите на следниот ЛИНК...

 

 

 

 

фото:rkvardar.mk





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.