Спречен голем инцидент во Формула 1 - Ферстапен вербално го нападна Окон во боксот! (видео)

Пилотот на „Ред Бул" Макс Ферстапен го нападна колегата од „Форс Индија" Естбан Оконон по трката за Големата награда на Бразил и доби казна два дена добротворна работа за ФИА.

 

Холанѓанецот синоќа беше пред победа на „Интерлагос" но меѓу него и Оконон кој заостануваше цел круг дојде до судир во 44.круг по што Ферстапен го загуби првото место.

 

По трката Ферстапен се обиде физички да се пресмета со возачот на „Форс Индија.

 

- Ферстапен треба да одработи два дена добротворна работа за ФИА во следните шест месеци, е одлуката на судијата кој ги опомена двајцата возачи.

 

Од Светската автомобилистичка федерација исто така ги предупредија двајцата возачи дека следниот таков инцидент ќе биде поригорозно санкциониран.

 

- Ја разбираме фрустрацијата на Макс, но неговото однесување не беше примерно. Слични такви ситуации во иднина нема да толерираме, велат од ФИА.

 

Последната трка за оваа сезона во Формула 1 шампионатот е на 25 ноември во Абу Даби.

 

Момент од инцидентот на патеката и во боксот....

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.