Матеус го поддржа селекторот Лев

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус го поддржа селекторот Јоаким Лев и покрај серијата од лоши резултати на националниот тим.

Репрезентацијата на Германија синоќа во Париз беше совладана и од Франција, што претставува шести пораз годинава.

- Не треба да се сомневаме во Лев. Поразот е болен, но тимот одлично играше. Тој го докажа својот квалитет изминативе 12 години, а на последниот натпревар донесе одлуки кои одлично влијаеа врз играта, истакна Матеус.

Според него, германскиот фудбал се движи во вистинска насока.

- Мислам дека имаме модел, кој ќе ја однесе Германија повторно на врвот. Ми беше задоволство да го гледам тимот, особено во првото полувреме, наведе Матеус.

Германија со два порази и едно реми се наоѓа на последното место од групата А1 во Лигата на нациите, додека Франција е прва во истата група со две победи и едно реми. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.