Интер почна преговори за продолжување на соработката со Икарди

Интер работи на нов договор за напаѓачот Мауро Икарди, објавија италијанските медиуми.

 

Според „Кориере дело Спорт“ во моментот клубот преговара со сопругата на играчот Ванда Нара, кој е негов агент.

 

Сегашниот договор истекува во 2021 година. Договорот предвидува откупна клаузула од 110 милиони долари.

 

Клубот сака да го продолжи договорот до 2023 година и да го зголеми износот за евентуален предвремен прекин на соработката на 130 милиони евра.

 

Во исто време, двете страни се уште не се имаат согласено за платата на фудбалерот. Интер нуди 6,5 милиони евра годишно, а Ванда Нара верува дека нејзиниот сопруг треба да добива 8 милиони по сезона.


Во тековната сезона, 25-годишниот Аргентинец играше четири натпревари за Интер каде има постигнато еден гол и една асистенција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.