Модриќ затаил данок во 2012-та, треба да плати...

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ ќе мора да плати за даночно затајување во 2012 година.

 

Според „Мундо Депортиво“, шпанските власти го обвиниле капитенот на репрезентација на Хрватска дека избегнал плаќање данок пред шест години, кога пристигнал во Реал од Тотенхем во висина од 1,2 милиони евра.

 

Во објаснувањето за одлуката се вели дека Модриќ бил должен да го плати данокот за цела година, иако само четири месеци поминал во Мадрид, додека во претходните осум години живеел во Лондон, а за тој период уредно платил се што должи.

 

Тој ги уплатил парите во шпанската државна каса, но поднел и жалба. Модриќ е обвинет за отворање фиктивна компанија „Ивано“ во Луксембург и за пренесување маркетинг права, затајувајќи 290.000 евра во 2013 година и 579.000 во 2014 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.