All for Joomla All for Webmasters

Против кошаркарот на Бостон, Џабар Бирд, поднесена тужба за семејно насилство

Против кошаркарот на Бостон селтикс, Џабар Бирд, е поднесена тужба за домашно насилство, откако викендов беше приведен за напад на неговата девојка.  

 

Тој е обвинет дека ја нападнал, давел и киднапирал девојката во период од четири часа. Кошаркарот на сослушувањето пред судот изјави дека не се чувствува виновен.

 

- Нашите мисли се со жртвата на овој инцидент. Клубот ја осудува секоја форма на насилство и вознемирени сме поради случајот со Џабар Бирд. Ќе соработуваме со сите надлежни за овој случај и дотогаш нема да даваме коментари за оваа тема, стои во соопштението од Бостон Селтикс.

 

Судот на Бирд му одреди кауција од 50.000 долари, а ако се докаже дека е виновен за сериозните обвиненија тој најверојатно нема да може да ја продолжи кариерата во НБА лигата.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
       

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.