Канскиот филмски фестивал во полн замав за 75-годишнината

Филмскиот фестивал во Кан се подготвува за големо издание по повод 75-годишнината, со селекција на големи холивудски имиња, новодојденци и претходни добитници на „Златна палма“ - возбудливо враќање дури и кога конфликтот во Украина се надвива над свеченостите.

„Искрено мислам дека ова е еден од најдобрите состави на Кан во последниве години“, рече Скот Роксборо, шеф на европското биро за „Холивуд репортер“.

Фестивалот трае од 17-28 мај, продолжувајќи го својот традиционален календар по две години нарушувања во екот на пандемијата. Настанот беше откажан во 2020 година, а минатата година се пресели во јули, со строги протоколи за Ковид-19.

Оваа година, забавите се враќаат, а меѓу холивудските тешкаши се „Топ ган: Маверик со Том Круз“ - кој ќе ја донесе актерската легенда во Кан за првпат по три децении - како и биографскиот филм на Баз Лурман за Елвис, со Остин Батлер и Том Хенкс во главните улоги.

„Традиција е да ги имаме нашите американски пријатели - да не заборавиме дека Канскиот фестивал, во 1939 година и во 1946 година, практично беше заеднички граден, заеднички измислен од Франција и Холивуд“, рече директорот на фестивалот Тијери Фремо на прес-конференција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.