Нема да ја добие круната, но ќе биде најбогатиот член на кралското семејство

Некои деца се раѓаат со сребрена лажица во устата, и обично доаѓаат од семејства кои се добро познати во јавноста.

Дури и истражувањата се занимаваат со нивното богатство, и интересно е како тие предвидуваат дека ќерката на војводата и војвотката од Кембриџ, може да има најдебела сметка од сите кога ќе порасне.

Принцезата Шарлот е на пат да стане најбогатиот член на британското кралско семејство кога ќе порасне, покажуваат најновите истражувања. Преслатката шестгодишна Шарлот, позната во јавноста по нејзиното палаво однесување, би можела да ја здебели својата сметка за неколку милијарди, поточно, да достигне 3,6 милијарди фунти, надминувајќи ги нејзините браќа.

Палавото и весело девојче по своето богатство ќе им се закани на своите браќа, но и на своите роднини во Америка, како и на некои други познати имиња чии родители се познати икони во музичката индустрија.

Истражувањето на Electric Ride on Cars покажува дека принцот Џорџ може да располага со богатство од 2,2 милијарди фунти, додека третородениот принц Луис може да ужива имот во вредност од 721 милиони фунти.

Многумина тврдат дека Шарлот за износот на нејзината нето вредност може да ѝ се заблагодари на својата мајка со таканаречениот „ефект на Кејт Мидлтон“. Овој феномен сугерира дека кралските деца би можеле да имаат големо влијание врз модните трендови што го зголемува нивното богатство. Познато е и дека принцезата Дијана имаше големо влијание врз модата во текот на 90-тите години.

Но, освен Шарлот, која веќе ги направи првите чекори како трендсетерка, и принцот Џорџ може да биде модна инспирација, додека принцот Луис, како последно дете, се наоѓа во малку понеповолна позиција.

Кралските деца имаат позитивно влијание врз продажбата на одредени брендови облека кои ги носат и играчки со кои си играат. Во таа смисла, тие имаат многу сличен ефект врз брендовите како нивната мајка, војвотката од Кембриџ, која има вистински Мидасов допир. „Се што допира се претвора во злато,“ вели Дејвид Хеј, извршен директор на Brand Finance.

За споредба, Арчи, синот на принцот Хари и Меган Маркл, се проценува дека ќе биде „тежок“ 21,6 милиони фунти кога ќе порасне.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.