Наздравете за Денот на џин-тоник

Денес, 19 октомври, го славиме Светскиот ден на џин и тоник, омилен пијалак за многумина. Не е викенд и поминаа жештините кога уживавме во овој коктел со многу мраз, но мора да се прослави.

Секоја пригода да се напиете ваква опојна мешавина е добра можност. Ако веќе не сте планирале вечерно излегување или пијалак по работа, сега е вистинското време.

На овој мегапопуларен пијалак можете да додадете разни зачини за да добие посебен вкус. Значи, ако одлучите да го прославите овој празник дома, еве рецепти за да го направите вашиот џин-тоник совршен.

Џин-тоник со лимон и боровница (за 4 лица)

20 боровинки, 20 свежи листови нане, 2 лимони, 2 лажички кафеав шеќер, 360 милилитри џин, 500 милилитри тоник, мраз.

Изберете чаши со рамно дно и рамномерно распоредете боровинки, нане, шеќер и сок од лимон во нив. Додадете мраз во чашите и ставете 90 милилитри џин во секоја чаша. Прелијте со тоникот, измешајте и уживајте!

Џин-тоник со црвен портокал (за 4 лица)

180 милилитри џин, 240 милилитри сок од црвен портокал, малку ликер од портокал, околу 480 милилитри тоник, мраз.

Наполнете чаши со мраз, потоа додадете џин, портокал и ликер. Истурете ја содржината на чашата со тоник и нежно измешајте. Како последен тач, украсете ја чашата со парче црвен портокал.

Нема причина да не кренете чаша со вашите пријатели вечерва, можеби со еден од овие славенички рецепти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.