Што би рекла Кери? Сара Џесика Паркер дојде на снимање во тренирки

Папараците ја забележаа Сара Џесика Паркер кога пристигна на снимањето на новата сезона на серијата „Сексот и градот“ во центарот на Менхетен во понеделникот.

56-годишната актерка на себе има долни тренирки и памучна кошула со долги ракави, со што стана јасно дека не е облечена како Кери Бредшо за да продолжи со снимањето.

Иако на ваквото лежерно издание Кери можеби ќе направеше гримаса, Сара Џесика изгледа комотно и среќно додека чекори по тротоарот.

Таблоидите веднаш ја искоментираа „премногу лежерната облека“ на актерката што е во спротивност со уникатните комбинации на Кери, препознатливиот лик на една од најгледаните серии на сите времиња.

Кери Бредшо беше ултимативна модна икона која наметна модни трендови и засекогаш го промени начинот на размислување кога станува збор за експериментирање со модни парчиња и додатоци.Нејзиниот стил беше и сè уште е инспирација за милиони жени во светот. Токму тоа беше причината лондонски „Гардијан“ да ја вброи меѓу иконите на деценијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.