Сопругата на Шон Пен поднесе барање за развод

Сопругата на Шон Пен, Лејла Џорџ, поднесе барање за развод, пренесуваат американски таблоиди.

61-годишниот актер се венчаше со 28-годишната Лејла на 30 јули минатата година, а нешто повеќе од една година од нивниот брак, Лејла сега поднесе документи за легален прекин на нивната врска.

Според „ТМЗ“, австралиската актерка - која е ќерка на актерот Винсент Д’Онофрио - поднела документи за развод до Високиот суд на Лос Анџелес во петокот на 15 октомври.

Истиот извор наведува дека не е позната причината за ваквата одлука на Лејла.

Веста доаѓа откако таблоидите неодамна пишуваа дека и двајцата морале да работат напорно на поправање на нивната врска.

Ова ќе биде трет развод за Шон ... тој претходно беше во брак со актерката Робин Рајт од 1996 до 2010 година, а неговиот прв брак со Мадона траеше од 1985 до 1989 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.