Канје Вест постигна договор со фирмата што го тужеше

Канје Вест постигна договор за прекин на судскиот процес со технолошка компанија која го обвини за кражба на нивни идеи.

44-годишниот рапер и компанијата MyChannel се согласија со нацрт-договорот за прекин на спорот, а порталот Радар-онлајн објави дека двете страни треба да си ги платат сопствените судски трошоци како и трошоците за адвокати.

Компанијата, исто така, се согласи да ги отфрли сите побарувања против Вест, откако првично го тужеше раперот и бараше оштета во износ од 20 милиони долари.

MyChannel тужбата ја поднесе во август 2020 година, тврдејќи дека Канје им рекол дека се восхитува на начинот на кој нивната технологија ја користи вештачката интелигенција за да вклучи е-трговија во видео содржини и дека планира да ја користи на својата веб-страница Yeezy.

Фирмата наводно, потрошила голема сума пари и повеќе од 10.000 часа работа во изготвување програма за пејачот, но тој се повлекол од договорот по шест месеци.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.