Еми-награди 2021: „Круната“ и „Тед Ласо“ триумфираа во главните категории

Кралската драма на Нетфликс, „Круната“, и комедијата на Епл ТВ, „Тед Ласо“, беа големите победници на Еми-наградите во неделата.

Трофеите за „Круната“ вклучуваат најдобра драмска серија, плус четири актерски победи за Џилијан Андерсон, Оливија Колман, Џош О’Конор и Тобиас Мензес.

„Каков прекрасен крај на најнеобичното патување со ова прекрасно семејство“, рече Колман за нејзината последна серија во улогата на кралицата Елизабета Втора.

„Ја сакав секоја секунда и едвај чекам да видам што ќе се случи понатаму “.

А потоа во емотивен наплив, таа додаде: „Би сакала татко ми да беше тука да го види ова. Го изгубив за време на Ковид. Многу ќе му се допаднеше сето ова."





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.