„Еми“: Били Портер и sвездите на „Круната“ се појавија на црвениот тепих

Позерската звезда Били Портер и британскиот актер Џош О'Конор беа меѓу првите кои во неделата пристигнаа во Лос Анџелес за доделувањео на наградите „Еми“, ноќта во која „Круната“ и комедијата Тед Лас се очекува да доминираат на годишната церемонија позната како телевизиски Оскари.

Портер, кој стана стилска икона поради неговиот смел избор облека за свечености, се реши на целосно црно со долги ракави и огромен дијамантски ѓердан.

Водителот Седрик „Ентертејнер“ носеше сино одело, додека Џилијан Андерсон, номинирана за улогата на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер во „Круната“, прошета на посебен црвен тепих во Лондон, каде што се собрани голем дел од британските таленти.

О'Конор, кој е главен кандидат за најдобар актер Еми за неговата изведба како млад принц Чарлс во Круната, имаше кравата=пеперутка во форма на цвет.

Се очекува „Круната“ да ја освои наградата за најдобра драмска серија „Еми“, како и трофеи за актерите кои јаглумат кралицата Елизабета (Оливија Колман) и младата принцеза Дијана (новодојдената Ема Корин).





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.