Филмски сувенири на Сталоне одат на аукција

Сувенири од култните филмови на Силвестер Сталоне ќе се продаваат на аукција, заедно со неговите боксерски ракавици од „Роки 3“, кои се очекуваат да достигнат цена од 20,000 долари.

Предметите ќе се продаваат во Julien's Auctions од 5 декември.

Во четвртокот, аукциската куќа со седиште во Калифорнија соопшти дека над 500 предмети од личната колекција на 75-годишната филмска sвезда ќе поминат под чеканот. Предметите што ќе се продаваат на аукцијата насловена „Животот и кариерата на Силвестер Сталоне“ вклучуваат реквизити од филмови, костими, оригинални сценарија и други сувенири.

Според соопштението за медиуми, на аукцијата ќе бидат прикажани предмети од некои од најпознатите филмови на Сталоне, вклучувајќи ги и серијалите Rocky и Rambо, како и Cliffhanger, Demolition Man, The Specialist, Judge Dredd, Assassins, Escape Plan, Cop Land и The Expendables.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.