Нејмар ужива на јахта со девојки, а фановите го забележаа вишокот килограми: „Не можам да поверувам, се уништил!“

Бразилскиот фудбалер Нејмар (29) ги минува летните денови во популарната шпанска Ибица каде ужива во друштво на разголени убавици. Но, овој пат вниманието не го украдоа убавиците на јахтата, туку неговиот нов изглед.

Иако во моментов е втор најплатен фудбалер во светот, ова не го спречи Нејмар да се здебели неколку килограми по завршувањето на сезоната. Папарацо-фотографиите ги шокираа неговите фанови кои не се воопшто одушевени и го бомбардираа со негативни коментари на социјалните мрежи.

„Не можам да верувам дека ова е Нејмар“... “Се уништил!“ ...Тажно е да го гледам вака! “- ова се само некои од коментарите на сметка на неговиот зголемен стомак.

На Инстаграм, фудбалерот го покрива стомакот со маичка или едноставно стои зад пријател додека го фотографираат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.