Лекарите на Бритни Спирс сметаат дека татко ѝ треба да се отстрани од спорното старателство

Продолжува правната битка на Бритни Спирс за укинување на 13-годишниот посебен надзор на татко ѝ, Џејми Спирс, со засилени напори да издејствува правна и финансиска слобода.

Според нови судски документи, лекарите на поп-sвездата се залагаат да се отстрани таткото. Ваквото тврдење наведено во поднесок до судот би било голем напредок - доколку медицинскиот тим на Спирс верува дека нејзиниот татко нанесува штета на нејзиниот случај, судот најверојатно ќе го сфати тоа многу сериозно, пишува „Вараети“.

Новиот поднесок доаѓа истата недела кога новиот адвокат на Спирс, Метју Розенгарт, официјално побара од судот да го суспендира и отстрани таткото на Спирс од трајното старателство.

Адвокатот го поднесе барањето до судот во Лос Анџелес на 28 јули.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.