Шерон Стоун може да остане без улога во серија бидејќи инсистира колегите да се вакцинираат

На Шерон Стоун ѝ се заканиле дека ќе остане без работа откако побарала сите што работат на сцена со неа да бидат вакцинирани против Ковид-19.

Актерката се подготвува да замине во Атланта наскоро за да снима нова ТВ-серија, и таа би сакала сите присутни на снимањето да бидат вакцинирани.

Во видео за „Дедлајн“ таа рече: „Ми беше понудена работа - добра работа, нешто што навистина сакам да го работам во Атланта. Затоа косата ми се крева нагоре ... затоа што Здружението на продуценти на Америка нема да гарантира дека целиот тимот на серијата се вакцинирани пред да одам таму. Јас нема да одам додека сите не бидат вакцинирани.“

„Дали ми се закануваат дека ќе ја загубам работата? Да. Дали ќе ја загубам работата ако сите не се вакцинираат во мојата серија ? Да. Дали ќе се залагам за сите нас да бидеме вакцинирани? Да. Зошто? Затоа што е смешно дека треба да одиме да работиме таму каде што не сме безбедни за работа “.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.