Твитот на Гал Гадот за насилството меѓу Израел и Палестина предизвика војна на социјалните мрежи

Sвездата на Wonder Woman, Гал Гадот, родена во Израел и една од неговите најуспешни актерки, несакајќи запали огнена бура на Твитер со објава во средата.

Во Твитер-објава за неодамнешното насилство меѓу Израел и Палестина таа вели: „Срцето ми се крши. Мојата земја е во војна.“

„Израел заслужува да живее како слободна и сигурна нација. Нашите соседи го заслужуваат истото,“ пишува 36-годишната актерка.

"Се молам за жртвите и нивните семејства, се молам да заврши ова незамисливо непријателство, се молам нашите лидери да изнајдат решение за да можеме да живееме рамо до рамо во мир. Се молам за подобри денови."

Реакцијата на нејзиниот твит беше брза и жестока. Некои корисници на социјалната мрежа ја прозваа за користење на зборот „соседи“ наместо да каже Палестина, и дека не ги споменува Палестинците кои се убиени.

Други ја етикетираа како ционист , потсетувајќи на нејзината двегодишна служба во израелските одбранбени сили од 2005 до 2007 година. Тие повикаа да биде заменета во претстојниот трет филм за суперхероината Wonder Woman.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.