Меган Маркл доби 625.000 долари надомест за трошоци во спорот со британски таблоид

Британски судија во вторникот донесе одлука дека на Меган Маркл, војвотката од Сасекс, треба да ѝ бидат исплатени 625.000 американски долари како привремен надомест на трошоци на постапката, откако таа ја доби тужбата против „Мејл он сандеј“ за повреда на приватноста.

Минатиот месец, судија на Високиот суд во Лондон пресуди дека таблоидот ја нарушил нејзината приватност и го повредил нејзиното авторско право објавувајќи делови од писмо што му го напишалa на татко ѝ, Томас Маркл, со кој се раздели во пресрет на нејзината венчавка со внукот на кралицата Елизабета, принцот Хари.

Судијата Марк Ворби пресуди во нејзина корист без одржување на судење, велејќи дека написите се очигледна повреда на приватноста, иако весникот тврди дека војвотката имала намера содржината на писмото да стане јавна и дека тоа претставува дел од стратегијата за медиуми.

На рочиште во вторникот, Ворби одби да му дозволи на весникот да се жали на таа одлука, велејќи дека „нема вистинска перспектива Апелациониот суд да донесе поинаков заклучок“. Сепак, весникот е во можност да аплицира директно до судот.

На судот му беше кажано дека адвокатскиот тим на Меган бара повеќе од 1.5 милиони фунти надомест за правни трошоци, со половина од износот што треба да се плати во рок од 14 дена, сума што весникот ја опиша како „несразмерна“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.