Вратени назад булдозите на Лејди Гага, шетачот на кучиња таа го нарече херој

Вооружениот напад и грабнувањето на кучињата на поп ѕвездата Лејди Гага е со среќна завршница - човекот кој се грижеше за кучињата на Лејди Гага заздравува, а двата француски булдога се безбедни.

Според „Асошиејтед Прес“, нејзините два француски булдога биле донесени во полициската станица во Лос Анџелес во петокот од страна на непозната жена.

Пејачката моментално е во Рим на снимање филм. Нејзини претставници биле во станицата и потврдиле дека тоа се нејзините домашни миленичиња.

Претставник на полицијата изјави дека жената што ги донела кучињата „се чини дека не била инволвирана или поврзана со нападот“ во средата вечерта (24 февруари).

Не е јасно како таа дошла во контакт со кучињата.

Во средата, 30-годишниот Рајан Фишер беше надвор за да ги прошета трите француските булдози на поп ѕвездата - Коџи, Мис Азија и Густаво - во западен Холивуд кога беше нападнат од двајца мажи, кои го застрелаа четири пати во градите пред да побегнат со две од трите кучиња.

Фишер итно беше пренесен во болница, од каде изминатиов викенд беше соопштено дека е во стабилна состојба. Во петокот, неговото семејство ѝ се заблагодари на Гага за поддршката по нападот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.