Мајк Тајсон остро ја критикува серијата заснована на неговиот живот

Мајк Тајсон силно се спротивстави на најавената серија на стриминг-платформата „Хулу“, базирана на неговиот живот.

Серијата „Железниот Мајк“, која беше најавена претходно во четвртокот, доби нарачка од осум епизоди во стримерот, а наводно, го истражува животот и кариерата на Тајсон во и надвор од рингот.

„Најавата на Хулу да прави неовластена мини-серија од приказната за Тајсон без надомест, иако неприкладна, не е изненадувачка“, објави Тајсон на Инстаграм.

„Оваа најава за социјалните разлики во нашата земја е одличен пример за тоа како корпоративната алчност на Хулу довела до вакво, без слух, присвојување на животната приказна на Тајсон“, напиша боксерската легенда.

Тој додаде: „Да се даде ваква најава за време на Месецот на афроамериканската историја, февруари, само ја потврдува грижата на Хулу за долари пред почитувањето на правата на црнците.“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.