Гордон Ремзи се лути кога луѓето мислат дека му е дедо на 19-месечниот син

Славниот готвач (54), кој има пет деца - Меган (22), близнаците Џек и Холи (20), Матилда (19) и Оскар (19 месеци) - со сопругата Тана, е уморен од тоа што луѓето, кога сите се заедно, мислат дека неговото најмало дете, всушност, му припаѓа на постариот син, а дека тој е дедото.

„Најлошата работа е кога шетаме со Тана и Џек и сите гледаат во Џек како Оскар да е негов син. Сигурно сте горди што сте дедо“, вели Гордон алудирајќи на тоа што си го мислат луѓето кога ги гледаат сите заедно, и на крајот додава: „По ѓаволите, тој е наш“.

„Ако уште еднаш ме наречат дедо, ќе бидам многу лут!“

Гордон е познат по својата страст кон фитнесот и е воодушевен што неговите деца тргнаа по неговите стапки кога станува збор за настани за издржливост.

Легендарниот готвач за новиот број на британското списание Men's Health изјави: „Мојот син Џек го направи својот прв 'Ајрон-мен' 70.3 минатата година. Сите деца влегоа на лондонскиот маратон собирајќи пари за детската болница 'Грејт Ормонд'. Тана ќе се посвети на 10. маратон. Јас се пријавив за маратонот во Лондон и на два во Лос Анџелес“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.