Тајлер Пери донираше храна на 5.000 семејства

Километарски колони возила се протегаа низ Атланта во неделата, кога илјадници локални жителите чекаа во ред за да добијат бесплатни оброци - донација на Тајлер Пери - во пресрет на големиот американски празник Денот на благодарноста.

За празникот, актерот милијардер донираше кутии полни со залихи за оние кои имаат потреба, објави „Фокс 5“ во Атланта.

51-годишниот актер и режисер ја ограничи својата добротворна акција на 5.000 семејства, но се појавија уште многу луѓе кои бараа дополнителна помош среде пандемија на коронавирус.

Донациите на Пери беа ефектуирани преку неговото студио во Атланта, а настанот беше наречен #TPSGiving.

Тајлер Пери е американски актер, продуцент и режисер кого престижниот магазин „Форбс“ неодамна го додаде на својата листа на милијардери.

Денот на благодарноста се прославува во последниот четврток од ноември уште откако претседателот Френклин Рузвелт го назначи тој датум во 1942 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.