Адел се пошегува на сметка на нејзиното слабеење

Адел се пошегува на сметка на губењето килограми и им порача на фановите „мојот албум не е завршен“, откако по 12 години се врати во популарното американско ТВ-шоу „Сатрдеј најт лајв“, овој пат како водителка.

„Знам дека изгледам навистина, многу поразлично од последниот пат кога ме видовте“, рече 32-годишната британска пејачка кога се качи на сцената.

„Но, всушност, поради сите Ковид ограничувања морав да патувам лајт и можев да донесам само пола од мене“, рече таа. „И ова е половината што ја одбрав.“

Ѕвездата додаде дека е премногу возбудена и преплашена што треба да пее и да биде домаќин на СНЛ (Saturday Night Live) истовремено.

„Повеќе би сакала да носам перики, да испијам чаша вино или шест, и да видам што ќе се случи. Сепак, таа почна да пее за време на еден од ноќните скечеви.

Во импровизација на популарната реалити серија The Bachelor, Адел се појави како кандидатка која бара момче. „Тука сум затоа што имав многу кршења на срцето во мојот живот - прво на 19 години, потоа на 21, а потоа уште попознато на 25“, рече таа, алудирајќи на насловите на нејзината први три албуми.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.