Од тинејџерки до суперsвезди: Документарец за подемот на „Блекпинк“

Фановите на јужнокорејскиот поп-бенд „Блекпинк“ ќе ја видат понежната страна на моќниот квартет девојки во документарен филм на „Нетфликс“. Во филмот, тие откриваат детали за нивното патување од тинејџерки до глобални суперsвезди.

„Блекпинк“стана глобален феномен од нивното деби во Јужна Кореја пред четири години.

Некои од нивните песни, вклучувајќи ја и Kill This Love, имаат над една милијарда прегледи на Јутјуб. Тие соработуваат со sвезди како Лејди Гага и Карди Би. Во 2018 година работеа со Дуа Липа на синглот Kiss and Make Up.

Квартетот - Џису, Џени, Роуз и Лиза - се познати по своите допадливи мелодии со микс на корејски и англиски јазик, како и ускладени танчерски рутини, но во документарецот BLACKPINK: Light Up the Sky, чија премиера е на 14 октомври, тие сакаа да навлезат подлабоко, рече режисерката Каролин Сух.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.