Семејството на Џорџ Мајкл тврди неговиот поранешен љубовник нема да добие ниту пени од имотот на покојниот пејач

Кени Гос, кој беше партнер на Џорџ Мајкл од 1996 до 2011 година, не му е оставено ништо во тестаментот на пејачот по неговата смрт во 2016 година. Тој неодамна покрена постапка во Вишиот суд во Лондон тврдејќи дека треба да добива 15.000 фунти месечно, што предизвика бес и вознемиреност кај семејството на Џорџ.

Извор изјави за весникот „Сан“ во неделата: „Тие се лути поради ова и сметаат дека Кени е бездушен и без почит за починатиот.

„Тие мислат дека - ако Џорџ навистина му значеше нешто - ќе го оставеше да почива во мир наместо да се обидува да го влече неговото име низ судовите,“ рече изворот.

Џорџ, кој почина на Божиќ во 2016 година на 53-годишна возраст, не му остави пари на Кени во својот тестамент од 96,7 милиони фунти, тврдат британските весници, повикувајќи се на адвокати.

Поранешниот трговец со уметнички дела Кени Гос, кој оттогаш го однесе случајот до Вишиот суд, тврди дека Џорџ не бил при чиста свест и здрав разум кога го правел тестаментот, пишува „Сан“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.