Дејвид Димблеби размислува за кандидатура за следен директор на Би-би-си

Страствениот новинар Дејвид Димблеби размислува да се кандидира за следен претседател на Би Би Си корпорацијата кога Сер Дејвид Клементи ќе замине од функцијата во 2021 година.

Поранешниот водител на емисијата „Време за прашања“ рече дека е „ужаснат“ од медиумските извештаи дека премиерот Борис Џонсон сакал функцијата да му ја даде на поранешниот уредник на „Дејли телеграф“, Чарлс Мур.

„Тоа назначување ќе биде злонамерна интервенција,“ изјави ветеранот новинар за подкастот вести на Би-би-си.

„Мислам дека треба некој со поотворен ум“, рече тој, цитирајќи колумни на Мур во весници и списанија во кои тој го искажува својот став за хомосексуални бракови и раси.

Мур оттогаш потврди дека нема да аплицира за функцијата, но Димблиби ги држи отворени неговите опции во случај да се појави друг кандидат за кого смета дека е закана за британската радиодифузна корпорација.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.