Патрик Адамс се плаши да ѝ се јави на Меган, војвотката од Сасекс

Патрик Џ. Адамс се плаши да ја контактира неговата поранешна колешка од ТВ-серијата Suits, Меган Maркл, војвотката од Сасекс.

39-годишниот актер глумеше заедно со Меган во драмската серија од 2011 година до заминувањето на Меган во 2018 година, откако стапи во брак со британскиот принц Хари.

И иако тие глумеа заедно на екранот цели седум години и изградија силно пријателство, Патрик призна дека е заплашен од новиот кралски статус на Меган за да ѝ се јави.

"Искрено, мислам дека чувствувам страв. Би можел да земам телефон и да ѝ се јавам во секој момент, но не знам што би ѝ рекол", рече актерот во разговор со „Радио тајмс“.

Патрик, кој има двегодишната ќерка со неговата сопруга Тројан Белисарио, и Меган биле во контакт неколку пати по завршувањето на снимањето, и разменувале пораки и подароци кога се родиле нивните деца.

Но, тоа не го спречи Патрик да чувствува страв при помислата да стапи во контакт со Меган, која со Хари има 16-месечен син, Арчи.

Патрик неодамна изјави дека бил многу среќен кога слушнал дека Меган и Хари се чувствуваат добро откако се преселија во САД со нивниот син.

"Ми недостасува мојата пријателка, но многу сум среќен што ѝ е добро. Јас немам редовен контакт со неа,“ рече тој, додавајќи дека му е мило што Меган гласно говори за претстојните претседателски избори во САД.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.