Рокерите му оддаваат почит на починатиот гитарист Еди Ван Хален

Рок ѕвездите ширум светот му оддаваат почит на легендарниот гитарист Еди Ван Хален, ко-основач на рок бендот „Ван Хален“, кој почина во вторникот на 65-годишна возраст.

Медиумите и социјалните мрежи се преплавени со епитети, повеќето го делат мислењето дека со неговиот стил на гитара, Еди Ван Хален ја смени рок музиката.

Еден од највлијателните гитаристи во модерната ера, Ван Хален беше познат по неговата мајсторија - техниката на тапкање со две раце - и враќањето на виртуозната рок-соло гитара во популарниот музички мејнстрим кон крајот на 70-тите и 1980-тите.

Ван Хален формираше мост помеѓу рок стиловите од 70-тите и хеви метал звуците од 80-тите години на минатиот век.

Пејачот на рок-бендот Kiss, Џин Симонс, се сеќава на него како „Бог на гитарата“, додека другите sвезди го нарекуваат модерниот Моцарт.

Фронтменот на „Ван Хален“, Дејвид Ли Рот, објави фотографија со својот поранешен колега од бендот и напиша: „Колку долго, одлично патување беше тоа“.

Еди Ван Хален важеше за еден од најголемите гитаристи на сите времиња, пишуваат светските медиуми. Со неговата виртуозна гитара техника, тој инспирираше некои великани на рокот.

Неговиот син Волфганг му оддаде почит на социјалните мрежи, велејќи дека тој е најдобриот татко што некогаш можел да го посака.

„Секој момент што го споделив со него на и надвор од сцената беше подарок“, напиша Волфганг, кој стана басист на „Ван Хален“ во 2006 година. "Срцето ми е скршено и мислам дека никогаш нема да се опоравам целосно од оваа загуба. Те сакам многу, тато".





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.