„БТС“ ќе издаде нов албум во ноември

Јужнокорејската поп сензација „БТС“ треба да го објави новиот албум „Би“ (делукс издание) на 20 ноември.

Менаџментот на мега-популарниот к-поп бенд, Big Hit Entertainment, ја откри веста на своите платформи на социјалните мрежи во неделата, охрабрувајќи ја армијата фанови на БТС да го нарачаат албумот.

„Албумот има за цел да пренесе порака на оздравување до фановите и до целиот свет, и истовремено да укаже дека дури и соочени со оваа нова нормалност, нашиот живот продолжува,“ соопшти менаџментот на ѕвездите на к-поп сцената.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.