ШЕСТИ ПАТ: Алек Болдвин стана татко на 62-годишна возраст

Хилариа Болдвин му подари на својот сопруг - холивудскиот актер Алек Болдвин, син, објави Контактмузик. Бебето е петто за парот и шесто за актерот, јавија агенциите.

 

36-годишната Хилариа ја објави радосната вест на Инстаграм, објавувајќи своја фотографија со бебето и 62-годишниот Алек Болдвин.

 

https://www.instagram.com/hilariabaldwin/

 

"Имаме бебе. Нашиот син е совршен и не израдува исклучително.", стои во текстот што е придружен на фотографијата.

 

Хилариа и Алек Болдвин се семејство од јуни 2012 година. Двојката има 7-годишна ќерка Кармен и три момчиња - 5-годишниот Рафаел, 3-годишниот Леонардо и 2-годишниот Ромео.

 

Алек Болдвин има 24-годишна ќерка, од бракот со неговата поранешна сопруга, актерката Ким Бесинџер.


Хилариа Болдвин во април објави дека таа и нејзиниот сопруг повторно ќе станат родители откако минатата година претрпеа два спонтани абортуса.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.