Бекамови криеле дека се заразени со коронавирус

Брачната двојка Бекам се заразила на 1 март додека биле во Америка, а по враќањето во Велика Британија, на Дејвид му се слошило, а потоа и на Викторија Бекам.

По враќањето во Англија, тие одлучиле да го прослават 21. роденден на нивниот син Бруклин, на кој присуствувале многу гости, а многумина од нив ја напуштиле прославата заразени, пренесуваат британските медиуми.

„Тоа беше вистински кошмар. Дејвид отиде во Америка поради неговите обврски во клубот, а Викторија и неговото семејство отидоа со него. Тие беа на неколку настани, каде што Дејвид имаше промотивни должности, се ракуваше и се бакнуваше со навивачите на клубот", вели близок пријател на двојката за странските медиуми.

Кога се вратиле во Велика Британија, на Дејвид му се слошило, а потоа Викторија почнало да ја боли грлото, а исто така имала и треска.

„Во исто време, неколку нивни вработени почнаа да развиваат симптоми. Викторија се испаничи и нареди целото семејство да биде ставено во карантин повеќе од две недели, бидејќи се плашеше дека ќе го рашират вирусот и ќе заразат други", додаде пријателот на Бекамови.

Семејството Бекам одби да ги коментира обвинувањата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.