Кит Ричардс: „Ролинг стоунс“ никогаш нема да се повлечат

Кит Ричардс разговараше со магазинот „Ролинг стоун“, и запрашан да каже нешто за иднината на легендарниот бенд, тој директно одговори дека не планираат да се повлечат.

„Навистина не можам да замислам да правам нешто друго“, вели Ричардс. "Можеби ќе го наречете навика, но, тоа е она што го правиме. И, исто така, има нешто помеѓу нас, нешто нераскинливо.“

„Ролинг стоунс“ планираа голема турнеја оваа година, со закажани датуми во текот на цело лето. Како и повеќето работи во 2020 година, и овие планови беа прекинати од пандемијата на коронавирусот.

И фронтменот, Мик Џегер, останува оптимист дека бендот ќе се врати на сцената веднаш штом ќе биде безбедно да го стори тоа.

„Можеби ќе свириме за многу малку луѓе“, забележа тој, откривајќи дека Стоунси остануваат отворени за социјално оддалечен концерт. „И да имаме доволно среќа да ги продадеме билетите, можеби ќе нема услови да настапиме“.

Легендарниот фронтмен е загрижен за долгорочниот ефект на пандемијата врз музичката индустрија имајќи предвид дека сите концерти, турнеи и други музички настани се откажани на неопределено време.

Во саботата (4 септември), рок-легендите издадоа проширена верзија на нивниот албум „Goat’s Head Soup“ од 1973 година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.