Кетрин Зета-Џонс наскоро со сопствен бренд

Велшката актерка Кетрин Зета-Xонс е спремна да ѝ конкурира на Гвинет Палтроу со сопствен лајфстајл бренд инспириран од Goop, а асортиманот ќе вклучува и традиционални велшки љубовни лажици.

Брендот „Каза Зета-Џонс“ кој содржи вегански чевли, лав-лажички за кафе, шминка, украси за дома... ќе биде лансиран оваа недела.

Пријателите велат дека таа се надева проектот Casa Zeta-Jones ќе го зајакне нејзиниот профил и ќе ѝ даде нешто на што ќе се фокусира додека нејзините деца растат.

Зета-Џонс (50) се надева дека овој потфат ќе биде профитабилен како тој на нејзината холивудската колешка Палтроу: „Сè што дизајнирав е навистина страствен проект. Сакав да ја искористам таа страст и да создадам бренд кој е убав и луксузен, а истовремено и достижен.“

Зета-Џонс, која се омажи за холивудскиот актер Мајкл Даглас во 2000 година, не глумела во хит филм уште од Red 2 во 2013 година.

Таа е уште една sвезда што тргнува по стапките на Гвинет Палтроу, која во 2008 година започна велнес сајт Goop со седмичен билтен од нејзината кујна.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.