Џенифер Анистон со апел до фановите: Носете проклета маска!

Прашањето дали треба или не треба да се носи заштитна маска за лице среде пандемија на коронавирус предизвикува вознемиреност низ целиот свет, а sвездата на „Пријатели“ се труди да ги натера луѓето да бидат претпазливи.

Актерката Џенифер Анистон во вторникот апелираше до своите следачи на социјалните мрежи да ја направат вистнската работа и да ги почитуваат препораките.

Таа објави селфи и ги повика фановите да ги покриваат устата и носот среде коронавирус. „Ова навистина не треба да биде дебата“, напиша таа.

„Разбирам дека маските се незгодни и непријатни“, вели Анистон. „Но, зарем не мислите дека е полошо што сите бизниси се затвораат ... работните места се губат ... здравствените работници се на работ на апсолутна исцрпеност.“

„Овој вирус одзеде многу животи затоа што не правиме доволно.“

„Ако се грижите за човечкиот живот, ве молам само #wearadamnmask и охрабрете ги оние околу вас да го сторат истото.“





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.