Спортски, а секси - Де Армас во тесни фармерки и маичка со гол грб

Ана де Армас очигледно се забавува во квалитетно време со својот човек Бен Афлек за време на самоизолација.

Новата Бонд девојка дури и успеа да се запознае и дружи со неговите деца, две години по разводот од Џенифер Гарнер.

За време на саботниот шопинг во „Брентвуд кантри март“ заедно со Бен и неговите деца, атрактивната Кубанка носи тесни фармрки со висок струк во комбинација со црн топ со гол грб.

Таа го комплетира изгледот со темни очила за сонце, златен ѓердан со скршено срцето, бели нараквици, бел кожен ремен со златна тока, и темни „Конверс ол-старс“ патики.

Ана и Бен се придружувани од неговата ќерка Серафина (11) и синот Семјуел (8). Тој има уште една ќерка, Вајолет (14), со поранешната сопруга Џенифер Гарнер со која беше во брак од 2005 до 2018 година.

Извор близок до актерката изјави за „Е!њус“ минатиот месец: „Ана сака деца и едвај чека да ги запознае и да помине време со нив. Таа знае колку му значат на Бен и затоа беше нестрплива да учествува во тоа.

Бен и Ана се запознаа во март за време на снимањето на „Длабока вода“, кој ќе почне да се прикажува оваа есен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.