Кајли Џенер со платинесто руса перика во најновата објава на Инстаграм

Соработката со нејзината постара сестра Кендал која резултираше со заедничка колекција за шминка на „Кајли козметика“ беше распродадена во рекордно време во саботата наутро.

Кајли Џенер очигледно го осети пикот на успехот истиот ден попладне, кога се појави на Инстаграм за да сподели гламурозен автопортрет за своите 182 милиони следачи.

„Таа се враќа,“ напиша 22-годишната Кајли на фотогрфијата на која позира покрај својот кревет, алудирајќи на новата колекција „Кендал х Кајли“, опишана во таблоидите како колаборат на убавината.

Кајли комплетно го смени својот вообичаен имиџ за импровизираната фотосесија со платинеста русокоса перика, облечена во краток фустан со апликации од жолта тантела.

Основачката на компанијата „Кајли козметика“, својот изглед го дополни со кафеава сенка за очи и блескави лажни трепки.

Во петокот наутро, догло-очекуваната колекција Kendall x Kylie на „Кајли козметика“ беше достапна за јавноста.

И осум часа подоцна, Кајли објави дека целата колекција официјално се распродала на веб-продавницата на марката.

Роденденка: Претходно, Кајли го искористи својот Инстаграм за да ѝ го честита роденденот на својата постара сестра Клои Кардашијан, која во саботата наполни 36 години.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.