Кортни Кардашијан во златни бикини ги охрабрува фановите да вежбаат

Кортни Кардашијан се наврати на убавите времиња на плажа со троубек-фотографија која ја истакнува нејзината тонирана фигура во бикини.

На фотографијата што ја објави на Инстаграм во средата, таа изгледа чудесно, исто како и позадината.

Според „Дејли мејл“, овој троубек или ретроспектива, како што стои во објавата, е од патување во мај 2018 година кога објавила фотографија во истиот костим за капење и истиот океан зад себе.

41-годишната ТВ-sвезда  на реалното шоу и инфлуенсерка ги охрабри своите 3.5 милиони следачи на Инстаграм да се раздвижат и да почнат да вежбаат по неколку недели самоизолација.

Кортни се самоизолира во нејзиниот дом во Лос Анџелес, со трите деца, за време на пандемијата на коронавирус.

Пред две години, магазинот „Хит“  ja прогласи за нова фитнес-ѕвезда. Таа тогаш откри дека вежба шест дена во неделата и секој ден прави 100 клекнувања.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.