На повидок биографски филм за Род Стјуарт

Беше само прашање на време да се потврди веста дека се снима филм за животот и кариерата на музичката легенда Род Стјуарт откако тој неодамна наговести дека тој самиот би можел да глуми во биографски филм.

Идејата да се сними филм за неговиот живот и кариера дојде по успехот на неодамнешните филмови за Фреди Меркјури и Елтон Џон - „Боемска рапсодија“ и „Рокетмен“.

Во интерјву за „Би-би-си радио 2“, британскиот музичар рече дека ќе биде поласкан доколку се направи сличен филм за неговата кариера и рече дека би го избрал глумецот на „Нотинг Хил“ и „Хари Потер“, Рис Иванс за да го глуми него.

„Рис би бил добра идеја. Но мора да направи нешто со косата“, рече Стјуарт и додаде дека неговиот син Аластер (14) може да биде младиот Род бидејќи тој многу личи на него.

Се чини дека филмот за сер Родерик Дејвид „Род” Стјуарт ќе се фокусира на неговата репутација на музичар кој сака забави и жени.

Британскиот рок-поп пејач и текстописец беше одликуван со титулата сер во Бакингемската палата во 2016 година за неговите придонеси во музичката индустрија и пошироко.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.