Силвестер Сталоне се враќа во документарец за „Роки“

Трикратниот кандидат за „Оскар“, Силвестер Сталоне, раскажува нов 30-минутен документарен филм за култниот „Роки“ во кој се прикажани снимени сцени кои досега не се видени.

Документарецот ќе се емитува на стриминг-платформата Video on Demand (VOD) почнувајќи од 9 јуни.

Во едноминутниот трејлер „40 години на Роки: Раѓање на класика“, 73-годишниот италијански пастув говори за неговиот иконски лик, боксерот Роки Балбоа.

„Беше рано утро на улиците на Филаделфија. Беше многу ладно, мраз. Само што почнав да чувствувам нешто добро внатре и тие рекоа: Дали си подготвен Слај? Jас им одговорив: Јас не сум, ама Роки е“, вели Сталоне во трејлерот.

„Вие сте среќна личност ако откриете дека најдобриот пријател што некогаш сте го имале е некој лик што штотуку испливал од главата. Некој кој е секогаш тука кога работите стануваат тешки и никогаш не се откажува од вас.“

Документарецот е златен нагет за фановите на Роки и за приврзаната публика, изјави 37-годишниот режисер Дерек Вејн Џонсон за „Индивajр“ (IndieWirе).

„Тоа е шармантно парче филмска историја раскажано од самиот Роки, Силвестер Сталоне, а на публиката ќе ѝ пружи интимно и на моменти емоционално доживување“, вели човекот кој го направи документарецот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.